Откријте ја следната дестинација

Само во неколку чекори

HeroImage

Автобуска станица Прилеп

Добродојдовте на нашата веб страна каде можете да извршите купување на патен билет за вашата дестинација

Постапка за купување билет

Најпрвин е задолжителна ваша регистрација и најава во полето „НАЈАВИ СЕ“ Откако ќе се регистрирате, потребна е најава со вашето корисничко име и лозинка Во полето Станица со кирилично писмо напишете ја вашата сакана крајна станица (пример Скопје, Охрид, Битола, итн) и одберете го датумот на вашето патување. Притиснете на копчето „БАРАЈ“.

На следниот слајд ќе ви излезат сите термини и линии заедно со превозниците кои се наредни во истиот ден или сите линии во нареден ден или избран ден за патување раличен од денот на пребарувањето. Одкако ќе ја изберете линијата во полето „Категорија“ можете да изберете попусти за деца или студенти доколку за таа линија има такви попусти.

НАПОМЕНА

За секој попуст сте должни да прикачите идентификација за студент – студентски ИНДЕКС. Во полето Билет во два правци имате можност да извадите и повратен билет доколку постои таква можност зададена од превозникот

НАПОМЕНА

Некои превозници за определени линии не издаваат повратна карта. Ова ќе ви би прикажано откако ќе изберете. Во тој случај можете да извадите билет само во еден правец, а за назад ќе извадите од самиот превозник.

Во плавото поле ќе Ви биде напишана цената која треба да ја платите за еден билет Откако ќе изберете во следниот слајд имате можност да купите и повеќе билети по ваша желба. Истото го правите со притискање на + во полето „Количина“

На крајот е потребно да платите со помош на вашата банкарска VISA или MASTERCARD картичка. Откако успешно ќе платите на вашиот емаил со кој сте регистрирани ќе добиете емаил порака кој го содржи QR кодот кој при влезот во автобуската станица и излезот на перони треба да го скенирате на поставените бариери и истиот да го прикажете на возачот или стујардесата на автобусот за влез во истиот.

Постапка за повратен билет

Доколку сте купиле повратен билет истиот важи 30 дена од денот на купувањето. Во емаил пораката имате текстуална содржина за самиот билет за кој сте должни при враќањето ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се најавите во автобуската станица од каде се враќате за резервација на место и заврка на билетот.

Цената на заверката е дефинирана од страна на автобуската станица и се наплаќа дополнително на денот на резервирањето.

Електронски билет со QR code

За да се воспостави целосна контрола на патниците кои излегуваат од автобуската станица, воспоствивме бариерен контролен систем кој дозволува излез само на оние патници кои патуваат и имаат купено патен билет. На истиот билет е испечатен единствен QR code за тој билет кој дозволува излез до 2 пати на еден патник на една бариера. Ова е од причина да може да се користат услугите од Маркетот во рамките на Автобуската станица.

Постапката за премин е дноставна и се состои од покажување на кодот пред скенр камерата вградена на горната страна на бариерата од висина од 20 до 30 сантиметри. По звучниот сигнал следи и визуелна зелена стрелка која го потврдува одобрениот излез на перон. Секој патник поминува посебно со својот билет. Во блиска иднина овој код ќе го добиваат електронски сите патници кои ќе купат електронски билет преку интернет апликација или дирекно до веп страната на Автобуска станица - Прилеп.

QR Example
Gallery ImageGallery ImageGallery ImageGallery ImageGallery ImageGallery Image

Ви посакуваме среќен пат!